Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Општи правила и услови за огласување

Правила за огласување

Огласување за физички лица

Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на Пазар3. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија.

Пазар3 го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.

Огласување за претпријатија

Секое претпријатие што е регистриран даночен обврзник во Р.Македонија и надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на Пазар3. Пазар3 го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие. Согласно законот за забрана за спречување на вршење на нерегистрирана дејност, член 8: При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: Тековна состојба од Централен Регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член. Одредбите на овој член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување.

Услуги

Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Македонија.

Категоризација

Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид:

  • Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија.
  • Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
  • Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава, се издава или се бара за изнајмување.
  • "Се изнајмува" како тип на оглас е достапна во одредени категории. Доколку оваа опција не е достапна, предметите кои се за изнајмување треба да се стават како тип на оглас "Се продава", а предметите кои се бараат за изнајмување треба да се стават како тип на оглас "Се купува".

Ограничувања кои се однесуваат на категориите: возила и недвижности

Не е дозволено да внесувате повеќе од едно возило/недвижност во еден оглас. Администраторите имаат право да ги избришат останатите возила/недвижности.

Огласи - Дупликати

Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина се дефинираат како дупликат оглас и ќе бидат избришани.

Линкови и препораки

Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.

Пазар3 не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.

Слики и видео клипови

Правила за прикачување на слики и видео:

  • Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
  • Не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено. Ако огласувате возило, сликите и видеото мора да бидат од тоа возило.
  • Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
  • Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот.
  • Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.

Пазар3 го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата.

Нелегални производи и услуги

Пазар3 има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават.

Материјал со авторски права и права на интелектуална сопственост

Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови, (CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови). Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ.

Оружје

Според Законот за оружје во Макеоднија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведи во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)

Навредлива содржина

Огласот се смета за навредлив доколку:

  • Има навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица, или јавни лица.
  • Се споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
  • Има слики и видео со навредлива содржина.

Одговорност

Пазар3 не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.

Нереални понуди

Пазар3 го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди.

Заштитен знак

Сите слики и видеа на Пазар3 се објавуваат со заштитен знак на Пазар3. Ова е со цел да се спречи истите да бидат употребени во друг контекст.

Општи услови

Авторски права

Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на ПАЗАР3.КОМ ДООЕЛ и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

Политика за приватност

Лични информации

Лични податоци се податоци кои идентификуваат краен корисник. Некои од Вашите лични податоци ќе бидат потребни при регистрирање на огласи и креирање на Пазар3 сметки. Пазар3 не одговара за точноста на внесените информации. Пазар3 внесените податоци ги користи исклучиво за целта за кои што се внесени. Доколку Вие немате дадено согласност за користење на Вашите податоци за промотивни маркетинг активности, истите нема да бидат користени за таа цел. Пазар3 не ги споделува податоците со трети страни, не ги пренесува на трети страни и истите ги чува безбедно и ги користи исклучиво за намената за која се внесени.

Доколку Вие сте лице кое огласува/огласувач, податоци кои се потребни за внесување на оглас се:

  • Име - Тоа се информациите што сте ги внесиле при регистрација на оглас во полето за Име. Овие податоци ги внесувате Вие како корисник и Вие ја имате одговорноста за точноста на внесените податоци.
  • Е-маил адреса - Тоа е Вашата е-маил адреса која не е јавна и трети страни не можат да имаат пристап до истата. Вашата е-маил адреса се користи исклучиво за целта за која што се согласиле при регистрација на оглас/сметка.
  • Телефонски број за контакт - Тоа е Вашиот телефонски број за контакт што сте го внесиле. Доколку не сакате да се прикажува Вашиот телефонски број на огласот и да не биде јавен, тогаш при регистрација на оглас, ја селектирате опцијата “Не го прикажувај телефонскиот број во огласот”. Во тој случај, Вашиот телефонски број нема да се прикажува јавно и ќе служи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација на оглас/сметка.
  • Локација на предметот што се продава - Тоa е градот каде што се наоѓа продуктот што се продава/услугата која се нуди. За некои типови на огласи потребно е да се напише и адреса. Внесената адреса се користи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација на оглас/сметка.
  • При плаќање на оглас со платежна картичка, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои не ги чува Пазар3, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк (со која соработуваме за онлајн плаќања) која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога се врши плаќањето и се внесуваат податоците, тие се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката и со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Пазар3 нема никаков увид на податоците од Вашата платежна картичка.

Доколку ја користите веб страната како посетител, Пазар3 не собира никакви лични податоци за Вас. Пазар3 има увид само на податоците кои што не можат да идентификуваат краен корисник.

Пазар3 најсериозно ја сфаќа безбедноста и превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на личните податоци на крајните корисници. При обработка и пренос на податоците до нашите сервери се користи HTTPS безбедносен протокол. Доколку сакате да ги проверите Вашите податоци или да направите измени на истите тоа го правите на нашата веб страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Пазар3 Ви препорачува да не ја споделувате Вашата лозинка со трети страни. Вашите лични податоци се зачувани на заштитни сервери, до кои има пристап само Пазар3. Шифрирањето на одредени чувствителни податоци се прави со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да сме сигурни дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на Пазар3. Користењето на Пазар3 веб сајтот не е дозволен за малолетни лица (помлади од 18 години). Веб сајтот е дизајниран со намера да даде услуги на полнолетни лица (постари од 18 години).

Применетата Политика за приватност објавена на оваа страна се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Р. С. Македонија. Во електронска форма пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб страницата на дирекцијата за Заштита на лични податоци на Р.Македонија (dzlp.mk).

Пазар3 се стреми да ги заштити Вашите лични податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите кои ги добива од своите корисници. Но, во секој случај не може да гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегално прибирање на личните податоци.
Вашите права како корисник на Пазар3, во врска со политиката за приватност и заштитата на лични податоци се правото да бидете информирани за обработката на лични податоци, да имате право на пристап до Вашите лични податоци, право на бришење или измени на личните податоци, право на ограничување на личните податоци како и право на приговор.

За дополнителни информации во врска со Вашите права за заштита на лични податоци, можете да контактирате со Пазар3 офицерот за заштита на лични податоци Моника Тасевска Димитриевска на следниов е-маил: [email protected] и телефон 00 389 78 377 677. Можете да ни доставите Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци или Барање за запирање на обработката на личните податоци преку е-маил или со писмена достава во просторииите на Пазар3, преку наведување на следните податоци:

  • Име и Презиме
  • Телефонски број и е-маил адреса
  • Е-Маил адреса на која сакате да добиете одговор
  • Причина поради која барате да се достават информации за обработка на личните податоци или да се запре обработката на лични податоци.

Пазар3 и МВР

Пазар3 и помага на полицијата, други овластени лица и страни со информирање за илегалните активности во огласите. Идентитетот на огласувачот или лицето кое плаќа ќе биде откриено според ИП адресата или телефонскиот број и тоа единствено по барање на службено лице и надлежен орган.

Електронска пошта

Електронската пошта е најчесто употребуваната алатка за комуникација меѓу корисниците на Пазар3. Електронската пошта не е задолжителна за регистрација на оглас. Ако огласувате и единствено може да бидете контактирани на телефон, наведете го во текстот.

Ако при регистрацијата на оглас ја внесовте и Вашата електронска пошта, истата ќе биде користена само за праќање на информации поврзани со Вашиот оглас.

Заштита на податоци

Пазар3 се стреми максимално да ги заштити Вашите лични податоци при користење на веб страницата. За време на извршување на трансакцијата, Пазар3 нема никаков пристап до информаците како што се број на Вашата платежна картичка, рок на важност, безбедносен код или состојба на Вашата сметка. Кога плаќате со платежна картичка сите трансакции се одвиваат преку NESTPAY системот кој ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита.

Cookies/ Технологија на следење

Пазар3 користи технологија на следење (Cookies - мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која е корисна за системот на рекламирање и ги брои уникатните посети. Тоа ни овозможува да се соберат статистики за нашите посетители и да се користат за внатрешни цели, на пример, се употребува за да не го гледате истиот банер постојано додека сте на Пазар3.

Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци.

Доколку сакате, можете да ја исклучите технологијата на следење на Вашиот пребарувач. Тоа се прави преку опцијата за прилагодувања на пребарувачот, во делот за безбедност. Секако, тоа ќе значи и дека нема да може да користите некои од функциите на Пазар3 од моментот на исклучување на технологијата на следење.

Пазар3 исто така користи технологија на следење за градење на пазарни сегменти и таргетирање на аудиториумот базиран на однесувањето на корисниците. Оваа информација е анонимна и се користи само за таргетиран маркетинг.

Промени во Политиката за приватност

Пазар3 го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата.

Контакт со Тимот на Пазар3:

Пазар3.Ком Дооел
ул.Таше Милошевски бр.6
7310 Ресен
ЕДБ 4024009501321

Тел: +389 (0) 47 55 11 66
Е-маил: [email protected]

Имајте во предвид …

  • Огласите кои не се во согласност со правилата нема да се објават.
  • Избришете го или обновете го огласот доколку повторно го огласувате истиот предмет или услуга.
  • Контактирајте го Центарот за грижа на корисници доколку не сте сигурни дека огласот е во склоп со правилата.
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации